Честитка од собранискиот спикер Вељановски по повод Рамазан Бајрам

 

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, до претседателот на Исламската верска заедница во Македонија, Реис ул улема хаџи ефенди Сулејман Реџепи, членовите на Ријасетот и сите верници од исламската вероисповед  упати честитки по повод празникот Рамазан Бајрам.

- Во оваа прилика сакам да истакнам дека Република Македонија преку почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата е пример за едно современо општество. Убеден сум дека сите заедно ќе продолжиме во заложбата за унапредување на меѓусебните односи во Република Македонија кои традиционално се одвиваат во духот на меѓусебното разбирање и ќе градиме еден постојан дијалог што е од интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава, вели во честитката Вељановски.

13:12

најчитано сега