Божиновски: Очекувам најмалку 100 илјади гласови предност за ВМРО-ДПМНЕ

 

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски во отвореното студиот на Сител вели дека очекува најмалку 100.000 гласови предност за ВМРО-ДПМНЕ. 

- Сите излегоа со одредена предност за ВМРО-ДПМНЕ и јас тргнувам од, условно кажано, најпесимистичката варијанта, најпесимистичката анкета беше. Затоа велам, од 100 илјади нагоре ќе биде. Колку ќе биде нагоре, ќе видиме, рече Божиновски  во отвореното студиот на Сител

Според него , доколку има одредена стабилност кај гласачкото тело на владејачката партија, доколку граѓаните, избирачите што ја гласаат владејачката партија се задоволни од нејзиниот перформанс како ја води државата, тогаш и самото јавно мнение е стабилно.

-Ние гледаме дека во изминативе неколку изборни циклуси избирачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ е најмалку 450 илјади гласови. Значи, има едно стабилно гласачко тело во одреден временски период од над 6, 7, 8 години веќе, изјави Владимир Божиновски.

 

 
 
27.11.2016 - 23:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега