Каракамишева: ВМРО-ДПМНЕ ја понуди најобемната и најквалитетната политичка програма во Македонија, но и пошироко

ВМРО-ДПМНЕ во целиов овој предизборен период постојано беше партија којашто ги нудеше проектите коишто и сега ги видовме на писмено во нивната програма „Реално“, изјави во мобилното студио на ТВ Нова универзитетската професорка Татјана Каракамишева.

Според Каракамишева, не можеме да се каже дека е изненадување што оваа партија до сега понуди својата најобемна, најголема, но и најпрофесионална подготвена политичка програма што било кога ја имаат видено македонските граѓани.

„Од 25 години независност на Р. Македонија, можам слободно да кажам дека оваа програма е најобемната, најдобрата, најпрофесионално сработената и најквалитетната политичка програма којашто било која партија ја има понудено на македонските граѓани, но и пошироко“, рече професорката Каракамишева.

 
 
27.11.2016 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега