Анкета: 68 % од граѓаните би летувале во Охрид ако се намалат цените

 

Минатата недела, порталот Лидер спроведе анкета на тема “Дали би летувале помасовно во Охрид, ако цените се пониски од сегашните“. На ова прашање позитивно се изјасниле 68% од учесниците во анкетата, односно, сметаат дека пониските цени на сместувањето и услугите ќе донесе повеќе туристи во Охрид. Останатите 32% одговориле дека цените не се пресудни во одлуката дали да летуваат во Охрид. 

Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, неодамна, на состанокот на Советот на Општината на кој се дискутираше за можноста да се намалат цените на угостителските услуги, упати критики токму до угостителите. Тие, реагираа дека Охрид не е скап и е многу поевтин од другите туристички дестинации во регионот. Градските советници исто така излегоа со реакција. Тие сметаат дека ваквите изјави можат дополнително да и наштетат на туристичката сезона во Охрид.

 

најчитано сега