Ова никако не смеете да и го правите на вашата вагина - може да ви го загрози здравјето

 

Експертите предупредуваат дека на овој начин ќе го загрозите своето здравје.

Изложување на пареа


Актерката Гвинет Палтроу е една од ретките која сака да се пофали со третманите на кои го изложува нејзиното меѓуножје. Меѓу нив е Тикун Спа. Во текот на овој третман жената седи на мини престол, а потоа се пушта пареа, која наводно ја чисти нејзината матка. Експертите сметаат дека тоа пружа добро чувство исклучиво поради топлината, со која се зголемува протокот на крв во пределот на вагината, што предизвикува возбудување. Ако премногу се доближите до пареата можете да добиете изгореници. Освент тоа, се зголемува и можноста за развој на гливици и бактерии.

Сончање


Актерката Шејлин Вудли во едно интервју откир дека на својата вагина сака да и поклони малку витамин Д преку сончањето, посебно кога е исцрпена, затоа што тоа и дава повеќе енергија. Експертите повторно имаат одличен одговор зошто тоа не би требало да се прави. Како што наведуваат, вагината ќе добие иста количина витамин Д и ако овој витамин го земате преку исхрана, а при тоа не би морале да ги изложувате своите гениталии на сонце бидејќи тоа предизвикува рак на кожата.

Ставање лепливи работи во вагината

Канди Буру во реалното шоу „Real Housewives of Atlanta" откри дека сака таму доле да си става шеќер, како би го засладила вкусот. Тоа дефинитивно не е добра идеја затоа што може да ја наруши рамнотежата на бактериите и киселината во матката и да створи плодно тло за инфекција.

Испирање


Веројатно тоа веќе одамна го знаете, но никогаш не е лошо да се повтори: Нема потреба да ја испирате својата вагина, затоа што таа сама се чисти. Со испирањето ја загрозувате природната рамнотежа на вагината, што може да доведе до иритација и вагинални инфекции.

Пирсинг


Ризикот од инфекции, лузни и болка се некои од причината зошто „НЕ“. Иако некои експерти тврдат дека тој може да биде доста сигурен ако се стави како што треба, на многу места се работи во простории кои не одговараат и големи се шансите да тргне како што не треба.

 
 
26.11.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега