ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж испука 6 куршуми кон шалтерски работник и ниеднаш не го погоди
Еден шалтерски работник преживеал обид за убиство во Рио де Жанеиро, кога непознат човек влетал, извадил пиштол и испукал шест куршуми во него.
Се се одиграло тотално неочекувано и среде бел ден. Чиста среќа е што мажот остана неповреден. Единствената повреда која ја добил била гребаница на увото.
Неговиот напаѓач сеуште не е уапсен.
Видеото во кое мажот истрелува шест куршуми во службеникот стана вирално и брзо се прошири на друштвените мрежи.
24.11.2016 - 12:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа