Фудбалската репрезентација тоне: Пад од седум места на ФИФА ранг - листата
Македонската фудбалска репрезентација назадуваше за уште седум места на ФИФА рејтинг листата и се наоѓа на 162. место на најновото рангирање објавено денеска. Ова е најлош пласман во историјата на „црвено-жолтите“.
Од репрезентациите кои се во квалификациската група со Македонија најдобро котира Шпанија (10.место), Италија е 16-та, Албанија 49-та, Израел 54-ти и Лихтенштајн на 189.место.
Лидер на ноемвриската листа на ФИФА е Аргентина, а по неа следуваат Бразил и Германија. Во Топ 10 уште се и: Чиле, Белгија, Колумбија, Франција, Португалија, Уругвај и Шпанија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 22 декември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа