Српската пејачка со шокантна исповед: Го оставив син ми во дом

 

Ана Бекута по пауза од 40 години конечно проговорила за тоа како синот Игор Полиќ по раѓањето го оставила во дом за незгрижени деца. Српската пејачка го родила Игор на 17 години во вонбрачна врска. Тој период, според неа, ѝ бил најтешкиот во животот. Била одвоена од своете дете, а околината ја осудувала. И нејзините родители биле на столбот на срамот, селото ги озборувало, што за неа било посебно тешко.

– Сакав да го родам детето. Точно е, им нанесов болка на своите родители, ги посрамотив и затоа Игор на осум месеци го однесов во дом. Притисокот од околината беше многу силен. Секој викенд патував да го видам Игор. Агонијата траеше неколку месеци, но тогаш гласот на разумот и срцето преовладаа и Игор го вратив дома – изјави Бекута за „Стар“.

 
 
24.11.2016 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега