Синот на Мадона уапсен поради наркотици
Синот на популарната пејачката Мадона и режисерот Гај Ричи е уапсен во британската престолнина поради поседување опијати кои не се дозволени.
Роко Ричи, синот на Мадона и Гај, е уапсен во близина на својот семеен дом, а него, според пишувањето на странските медиуми, го пријавил соседот.
Сведоците на ова апсење тврдат дека Роко го виделе како „бега“ додека полицијата му се приближувала, што довело до сомненние дека е фатен во текот на консумирањето на наркотици.
Постојат тврдења дека Роко е уапсен поради консумирање канабис, како и поради поседување на истиот.
Mадона и Гарј Ричи водеа битка за старателството над Рoко, откако тој побегна од пејачаката кај татка си во Лондон. Мадона го изгуби старателството, а по овој инцидент светските медиуми тврдат дека може да се смени ситуацијата во нејзина корист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа