Нов напад го потресе светот - има мртви
Најмалку две лица загинаа, а 16 се ранети во експлозијата што денеска одекна на паркинг пред владина зграда во Адана, град во јужна Турција, пренесоа американските медиуми.
Министерот за ЕУ, Јомер Челик, на својот налог на Твитер, појасни дека експлозијата пред зградата на валијата во Адана била терористички напад.
Весникот „Хуриет“ соопшти дека нападот најверојатно бил изведен со автомобил бомба.
„Ке продолжиме со нашата борба против тероризмот во име на човештвото“, напиша Челик.
Валијата на Аадана, Махмут Демирташ, изјави дека во експлозијата биле убиени две и ранети уште 16 лица.
За агенцијата Анадолија тој уште посочи дека експлозијата била активирана во близина на влезот од неговата служба и дозволи дека е можно да станува збор за самоубиствен напад, извршен од жена.
Ова е последен од серијата бомбашки напади, што ја потресуваат Турција во последните повеќе од една година. Нападите се дело на курдските бунтовници или на Исламска држава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа