Утрово земјотрес од 6,1 степени во Јапонија - се очекуваат нови разорни потреси
Земјотрес со интензитет од 6,1 степен според Рихтеорвата скала го погоди изутринава по локално време североисточниот дел на Јапонија, а епицентарот бил на 20 километри источно од префектурата Фукушима.
Иако е покрената тревога за цунами, јапонските метеоролози сметаат дека висината на брановите ќе биде минимална и оти тие тешко дека ќе предизвикаат некаква штета, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).
Потресот се почувствувал во 17 префектури, вклучувајќи ги и Фукушима, Мијаги, Ивате и Токио.
Овој земјотрес се случил во истото подрачје, како и потресот од 7,3 степени според Рихтеровата скала, кој се случил пред два дена.
ЈМА предупреди на можни нови потреси.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа