Лажен милионер ја ограби ќерката на сопственикот на Формула 1

 

Ќерката на сопственикот на Формула 1 Петра Еклстон остана без накит вреден 500 илјади фунти откако била ограбена од лажен милионер од Казахстан.

Главен и осомничен е човекот кој се претставувал како милионер од Казахстан кој наводно бил заинтересиран за купување на вилата.

- Петра заедно со нејзината сестра Тамара не била во домот додека се разгледувала куќата. Откако човекот ја напушти вилата откриено е дека исчезнал накитот кој бил на ноќната масичка, изјави близок пријател на семејството Еклстон.

Непознатиот „милионер“ наводно се вика Олег и е виден на различни места како разгледува луксузни вили иако ова е регистриран прв случај на кражба.

11:07

најчитано сега