Се огласи момчето на Теодора: Во шок сум, не знам на кого може такво нешто да му падне на памет
Ненад Стевиќ (38) од Нови Сад рекол на полицијата дека нема поима кој во саботат пукал врз неговата девојка Теодора качански (30) пред зградата во која живее во населбата Телеп. Теодора со пет куршуми е изрешетена додека седела во џипот во сопственост на Ненад. Тој после нападот им рекол на инспекторите дека е шок.
- Изненаден сум. Не знам што да кажам. Не знам кој сака да ни наштети и на кого може да му падне на памет, кратко рекол Ненад.
Полицијата се уште го утврдува мотивот.
Теодора најверојатно по грешка е ранета, а вистинската мета по се судејќи бил Ненад кој има досие во полицијата поради крадење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа