Рама: Немаме ниту план, ниту намера да создадеме „голема Албанија“

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека неговата земја нема никаков план, ниту намера да им одзема делови од териториите на соседните држави, со цел да создаде „голема Албанија“, тврдејќи дека термините „природна“ или „голема Албанија“ ги измислиле други.

Рама во интервју за грчката телевизија „Скај“ нагласи дека нема намера да ги промени границите на Албанија, како и дека неговата зема никогаш немала експанзионистички територијални планови против Грција или било која друга соседна држава.

Тој додаде дека во училиштата во Албанија не постои никаква карта на „голема Албанија“, туку станува збор за географски карти на земјите од регионот каде живеат Албанци.

- Немаме право да ги менуваме границите, ниту да земаме дел од териториите на Грција, Србија или македонија и на тој начин да создаваме „природна Албанија“, истакна албанскиот премиер.

Рама изјави дека албанскиот народ има интересно минато, имајќи предвид дека „еден народ е во две земји“.

- Ги имаме Албанија и Косово, имаме Албанци кои живеат во јужниот дел на Србија, кои живеат во Македонија и во Црна Гора. И што тогаш? Не постои никаков план, ниту нормална идеја која предвидува овие земји да ги собере во „голема Албанија“, тврди Рама.

 
 
23.11.2016 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега