Нов закон за претпријатијата во Франција! Шефовите ќе плаќаат дебели казни ако ги контактираат вработените

Новиот закон во Франција покажува дека во претпријатијата со 50 или повеќе вработени шефот не смее да ве контактира по завршувањето на работното време. Значи, не постојат повеќе итните пораки од работа за време на викендот за повеќето Французи, бидејќи сега тој контакт се смета за нелегален. Замислете, тие ќе се ослободат од непријатните грчеви во стомакот додека се одмараат по работа и не добиваат итен е-мејл дека нешто итно треба да направат.

Сите знаеме дека постојана достапност на работа може да има и физички и ментални здравствени последици, па французите сакаат да го пријават тоа како нелегално. Кога се работи, се работи, кога е одмор,тоа е одмор! Вработените во Франција имаат 30 денови во текот на годината и 16 недели на целосно платено породилно отсуство.

А иницијативата која 50 или повеќе компании нема да ги контактираат вработените,се воведува бидејќи се по тешко луѓето се дистанцираат од работното место. 

 

Дали оваа мерка ќе пристигне и кај нас, и ние како и Франција ќе може да уживаме во слободното време?

 
 
23.11.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега