Тодоров во Старо Нагоричане: Поддршка од 80% за набавка на високоприносен добиток

Никола Тодоров носител на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата за подобра Македонија од ИЕ2 пред жители од Старо Нагоричане истакна дека државата со 80% ќе ја поддржи набавката на високоприносен добиток со генетски потенцијал од познато потекло.

-Овие 80% од трошоците се неповратна финансиска поддршка која ќе се одобри при набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози и педигрирани свињи (нерези и назимки).Набавката на грлата ќе се врши од признати организации на производители, посочи Тодоров.

 

Тој образложи дека право на користење на мерката ќе имаат одгледувачи на добиток запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, а максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.

 

nino-2

 

nino-4

 

nino-5

nino

 
 
23.11.2016 - 12:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега