Ќе се градат 6 нови катни гаражи во Скопје

Во изминатите неколку години се изгради обиколницата, се изградија повеќе кружни токови се проширија најважните улици и булевари во градот.

Полека, полека се става крај на паркирањето возила на несоодветни места во центарот на Скопје. 

-Во следниот период се очекува да се изградат уште шест катни гаражи од приватни инвеститори со вкупно 1.798 паркинг-места, и тоа: спроти хотел Бристол 280 паркинг-места, Градски парк 700 паркинг-места, зад ТЦ Буњаковец 64-паркинг места, кај Собрание 300 паркинг-места, кај Мепсо 240 паркинг-места, покрај Нова Македонија 214 паркинг-места. АДСДП ќе изгради една катна гаража во Охрид, во која ќе се инвестираат 5 милиони евра. Претходно во соработка со приватни инвеститори се изградија три катни гаражи во Скопје со вкупно 604 паркинг-места и една во Прилеп со 360 паркинг-места. Во соработка со Град Скопје и Општина Центар се изградија катните гаражи кај поранешен Цветен пазар со 445 паркинг-места и кај Судска палата со 500 паркинг-места. Во соработка со АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор се изградија катната гаража кај зградата на Холокаустот со 169 места, кај Работнички дом со 516 места, пред зградата на АД Македонска пошта 280 места и во соработка со град Скопје пред Министерството за финансии 650 паркинг-места, овој преокт е предвиден во новата програма на ВМРО ДПМНЕ, 2017- 2020 година.

 
 
23.11.2016 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега