ТРОГАТЕЛНО: Почина Теодора која беше изрешетана пред зграда , момчето не сакало да ја исклучат од апарати

Новосаѓанката Теодора Качански (30) која беше изрешетана во саботата, вчера почина, но пред нејзината смрт во болницата се случувала вистинска драма.

Имено, според српски Телеграф, одлуката да ја исклучат од апаратите кои ја одржувале во живот, после неколкучасовни препирки ја донеле нејзиното момче Ненад и нејзиниот татко.

Нејзиниот татко претходно истиот ден се согласил Теодора да се исклучи од апаратите, на што се спротивставило нејзиното момче Ненад. Следела расправија меѓу нив двајцата пред болницата, бидејќи Ненад не сакал да ја пушти.

Кога лекарите му објасниле дека поради тешките повреди Теодора и ако преживее, ќе биде во вегетативна состојба, Ненад се согласил со тешката одлука и несреќната девојка починала.

teodora

Повредите биле страшни, еден куршум и ги пробил гласните жици, а проценка на лекарите била дека ако преживее ќе остане неподвижна.

Како што тврдат нивните познаници, Теодора и Ненад многу се сакале, биле заедно повеќе од три години.

 
 
23.11.2016 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега