Брза помош исфрлила мртовец на автопат
Скандал ја стресе Полска. Екипа на Брзата помош исфрлила мртовец на сред автопат.
Откако се случила страотна сообраќајна несреќа, екипата на Брзата помош од Полска оставила мртво тело завиткано во фолија. Медицинарите наводно прво го земале повредениот во возилото и кога при превозот починал, се вратиле на местото на несреќата го оставиле телото крај патот и заминале, пренесе МИА.
- Не изненади тоа, не згрози. Не шокираше, изјави еден од пожарникарите кои се нашле на местото на настанот.
О(д друга страна, потпаролот на Итната помош вели дека таа не ги прекршила правилата бидејќи за такви случаи нема предвидени правила.
Овој настан предизвика негативни реакции кај полската и светската јавност.
09:24