Обама ќе учествува на самитот Г-20 во Русија

 

 

Барак Обама, американскиот претседател, потврди дека ќе учествува на средбата на врвот на Г-20 во Санкт Петербург, но не прецизира дали ќе оствари средба со својот руски колега, Владимир Путин.

Тој изрази разочарување од одлуката на Русија да даде времен азил на поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден и според него одлуката сведочи за присуство на одредени проблеми во односите меѓу Русија и САД.

- Понекогаш Русите се враќаат кон менталитетот од времето на Студената војна. Тоа веќе е минато и треба да мислиме на иднината. Тој истакна дека Москва и Вашингтон продолжуваат да соработуваат за Авганистан и за истрагата на терористичкиот напад на Бостонскиот маратон.

09:18

најчитано сега