Членот на Левицата Демири седнува на обвинителна клупа

Попладнево во Основниот Суд Скопје 1, е закажано рочиште за членот на Левица Мариглен Демири, за учество во протестите на Шарената револуција.

Демири кој воедно е кандидат за пратеник на партијата, се товари за учество на протестите од оваа година како еден од демонстрантите кои ја демолирале Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Рочиштето на 25 септември беше презакажано за овој датум поради барање од страна на Државното правобранителство за дополнително разгледување на доказите на одбраната.

 
 
22.11.2016 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега