Му впериле пиштол - Македонски камионџија ограбен во Србија

Полицијата вчера уапсила двајца разбојници, кои под закана со оружје ограбиле македонски државјанин на автопатот Белград-Ниш.

Според српската полиција, македонскиот камионџија го имал паркирано возилото покрај автопатот, кога двајцата разбојници дошле и со закана со пиштол му ги одзеле сите пари и документи.

Не е познато за колкава сума пари станува збор, а полицијата не го објавува ниту идентитетот на македонскиот државјанин.

На арамиите им е одреден 48-часовен притвор.

 
 
22.11.2016 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега