Запленети 507 килограми кафе прошверцувани од Македонија

Албанската гранична полиција  во близина на селото Вичишта на албанско-македонската граница кај Дебар, запленила 507 килограми кафе при обид илегално да биде внесено од македонска на албанска територија.

Кафето било натоварено во комби возило чиј сопственик ја минал границата преку илегален премин, но бил забележан од страна на полицајците.

Возачот Б.Т.(51) жител на пограничното село Долна Ѓурица, кога  станал свесен дека го следи полициската патрола го напуштил возилото и се дал во бегство, што и му успеало поради мракот.

Полицијата трага по Б.Т. кој ќе одговара за недозволена трговија на акцизна стока.

 
 
22.11.2016 - 08:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега