Збогум на смрдеата: Измислени чорапи кои не мора да се перат една година

Непријатниот мирис на нозете најчесто може да предизвика бактерии и останати проблеми, а до решение за овој проблем дошол британски фармер кој измислил антибактериски чорапи, тие нема потреба да се перат една година.

Тајната на овие чорапи се крие во мохер волната од која се направени, а која се добива од ангора коза, тврди изумителот Стиви Вајтли.

Стапалата содржат голем број жлезди, а непријатниот мирис предизвикува размножување на бактерии кои се размножуваат кога ќе дојдат во контакт со пот.

Затоа што чорапите од волната на ангора не содржат пот, стапалата брзо и природно се сушат. Бактериите остануваат заробени во влажна комора, па нема ни срдеа.

„Поради тоа дури ни оние на кои нозете многу им се потат нема да мораат да ги перат овие чорапи барем една година“, тврди Вајтли, кои чорапите ги тестираше на себе.

Тој првобитно ги дизајнирал со цел да бидат удобни и трајни, а приметил дека не мирисаат после неколку дена носење дури кога купувачите му укажале на тоа.

Иако засега може да се купат само во Велика Британија, Вајтли најавува дека наскоро ќе се продаваат шурим светот преку посебна веб страница.

 
 
21.11.2016 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега