Нов закон во Франција: Ќе се одземаат возилата на оние кои возат со брзина над дозволената

Француските власти ги зајакнуваат казените мерки за возачите кои ги нарушуваат правилата за дозволена брзина на движење по патиштата.

Отсега возач кој ќе биде фатен да управува возило со над 50 километри на час од дозволената брзина ќе биде отстранет од превозното средство на самото место.

Најновата мерка – одземање на возилото, ќе се применува кон Французи и кон странци, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.

Тие што нема да го почитуваат новото правило ќе треба да платат и дополнителна парична казна во износ од 1.500 евра за престој на возилото на казнен паркинг простор.

Минатата година во Франција над 19.000 возачи биле казнети за возење со брзина над дозволените 50 километри на час. 

 
 
21.11.2016 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега