Две лица се повредени при истекување на амонијак во фабрика во Хрватска

 

Денеска од разладниот систем во фабриката за преработка на месо „Кока“ во хрватскиот град Вараждин истече амонијак, а при несреќата се повредени две лица.

Се работи за двајца работници од фабриката кои веднаш биле префрлени во болница.

При инцидентот не е причинета материјална штета, ниту постои закана од загадување на животната средина.

Полицијата ќе изнесе информации откако ќе заврши истрагата.

15:17

најчитано сега