СИТЕЛ: Инфекциите честа причина за предвременото породување

Љубопитна, темпераментна и ги освојува симпатиите кај сите. Двегодишната Зои која со своите две братчиња Милан и Никола, иако се родени предвреме со мала тежина, денеска нормално растат и се развиваат. Тројката близнаци се деца на познатата градска фаца Томе Корнер и неговата сопруга Билјана. 50 дена ги чекале своите бебиња да ги земат во прегратка. По раѓањето морале да бидат под постојан лекарски надзор во клиничката болница Аџибадем Систина.

-Беа родени во 29-та недела и затоа останаа на интензивна. не е лесно да бидете одделени од своите чеда, но поддршката од лекарите многу ни значеше тој период и сега се супер. Секако дома имавме помош од сите, вели Билјана Младеновска, мајка

Без помошта од поширокото семејство, Томе вели не е лесно да се одгледаат три деца. Ќерката и еден од синовите уште од мали нозе сакаат да одат по стапките на татко им.

-Сите не прашуваат и сега, како е со три деца...секако дека помош треба, но тие веќе се на возраст сега кога се им е интересно ...ќерката и еден од синовите се на мене, вели  Томе Стојановски

Најмалото предвреме родено бебе во Систина тежело само 670 грама. педијатритер од оваа установа велат дека е предизвик на ваквите новороденчиња да им биде овозможен  нормален живот.

-Не е предизвик дали ќе преживеат...сега предизвик е да растат нормално, без проблеми со видот, со белите дробови, слухот, вели Душко Фидановски, педијатар неонатолог во Аџибадем Систина

Предвременото породување е глобален проблем. Според податоците, во Македонија 9 проценти од бебињата предвреме доаѓаат на свет. 

 
 
17.11.2016 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега