Западнонилската треска ја нападна и Србија

 

Во Белград 27 лица се заразени со вирусот на Западен Нил, пренесе Здравство24.мк.

Повеќето пациенти кои се на клиниката имаат инфекција на централниот нервен систем. 

- Значителен број на пациенти ја прележуваат инфекцијата без симптоми или околу 80 проценти од оние кои се инфицирани, а околу 20 проценти од пациентите имаат клинички знаци на болест како треска, повраќање, исип, зголемени лимфни јазли. Лекарите велат дека болеста е сезонска односно заразата ја очекуваат во текот на јули, август, септември и почетокот на октомври. Според директорот на Инфективната клиника во Србија ги имало сите предуслови за болеста.

ФОТО: Денешен

најчитано сега