Како да преживеете ако се откачи сајлата на лифт?

 

Научниците и инженерите открија што треба да направите доколку се најдете во лифт на кој му се откачила сајлата, пишува сајтот „Bright Side“.

Никако не пробувајте да скокнете во моментот кога лифтот ќе трне нагло надоле.

Пред се доста е тешко да скокнете во моментот кога лифотот е во слободен пад, Скокот би ја смалил брзината на вашиот, но би ја зголемил јачината на ударот. Доста е тешко да предвидите на кој дел од телото ќе паднете и колку тешко ќе се повредите.

Немојте да стоите право

Ова исто не е добра идеја. Со оглед на тоа што нешто што е 10 пати потешко од вас ќе удри на земја, тоа може да предизвика сериозни повреди.

Најдобра позиција да се прилагодите за ударот е да лежите на грб на подот на лифтот.

Ако осетите дека лифтот тргнува нагло кон земја, веднаш легнете на подот со лицето свртено кон плафонот. На овој начин ударот еднакво ќе се рашири низ целото тело и ќе ја намали опасноста од сериозни повреди.

Доколку сте повеќе луѓе во лифтот, седнете на подот или чучнете

Во овој случај најдобро е да седнете на под. Доколку лифтот е полн со луѓе можете чучнете и да ги соберете колената. На овој начин ќе намалена силата на ударот на лифтот во земја.

 

 
 
16.11.2016 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега