Овој татко ја исмева својата згодна ќерка, а сега е дупло попопуларен од нејзе (ФОТО)
Не е лесно да се биде родител, уште помалку ако сте татко на три деца. Таа работа Крис Мартин си ја олесни имитирајќи ги фотографиите кои тие ги објавуваат на социјалните мрежи.
Најчесто на тапет му е ќерката Кејси, а многу ги изненади фактот дека тој за кратко стана дупло популарен од неа.
Имено, него сега на Инстаграм го следат повеќе од 60.000 луѓе, 25 илјади повеќе од неговата згодна ќерка.
Крис Мартин инаку е комичар од Вашингтон, а Кејси нема некој избор, па неговата шала ја прифатила па сега и самата се претставува како „онаа која татко и ја злоставува на социјалните мрежи“.
За да изгледа што поавтентично, Крис за тетоважите користи водоотпорни маркери.
„Три дена ја вадев бојата од себе“, призна тој пред неколку месеци.
За само неколку месеци од 20.00 дојде 60.000 следбеници, а судејќи по фотографиите кои ги објавува, неговата популарност само ќе расте.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа