Државен службеник 10 години не се појавил на работа: Сфатил дека го фатиле кога не ја добил последната плата

Државен службеник од Кувајт не се појавил на работа повеќе од 10 години, а сфатил дека го фатиле тек кога приметил дека не добил плата, јавува Ал Раи.

Откако инспекцијата ја замрзнала неговата плата, неименуваниот службеник се жалел на одлуката со примедба дека казнената мерка страшно го вознемирила.

Еден друг службеник поминал 18 месеци во странство, додека платата од работата во Кувајт уредно му доаѓала. Кога се соочил со доказите за неговото отсуство од работа, кажал дека шефот повеќе од една година не го прашал зошто не дошол на работа.

Инспекцијата вкупно ги замрзнала платите на повеќе од 900 државни службеници, во обид за сузбивање на трендот во кој припадниците на државните институции земаат плата без воопшто да се појават на работа.

 
 
16.11.2016 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега