Деспина загинала поради куче - детали за страшната сообраќајка вечерва во Скопје

Деспина П (24) од село Јурумлери, попладнево го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случила околу 16:30 часот во скопската населба Гоце Делчев, во близина на Трубарево.
- Во сообраќајната несреќа кај вториот надвозник во населбата Гоце Делчев, учествувале две моторни возила, автобус на ЈСП, управувано од Т.П и автомобил марка „пежо партнер“ со скопски регистарски таблички со кој управувала девојката.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П, па со возило на брза помош била пренесена некаде околу 17.30 часот. Лекарите се обиделе со реанимација, но тие обиди останале безуспешни, па таа околу 18 часот им подлегнала на повредите. Телото на починатата девојка ќе биде преземено од службите на АД Бутел и ќе биде пренесено во судска медицина.

 

Во моментов местото на несреќата се расчистува, а сообраќајот се одвива отежнато, од галеријата можете да ги погледнете страшните последици по сообраќајната несреќа.

Видео од несреќата погледнете тука

 
 
16.11.2016 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега