За 15 дена по 680 денари месечно повеќе на сметките

За 15 дена по 680 денари повеќе на сметките на пензионерите.

Дополнителниот министер за транспорт и врски Диме Спасов, денеска, прв пат после инцидентот што се обиде да му го намести СДСМ во соработка со криминалното подземје, одржа прес-конференцијата. На неа заменик министерот најави ново покачување на пензиите во декември.

-Со зголемувањето на пензиите за пет проценти што ќе се реализира во првата недела од декември, просечната пензија во Република Македонија ќе изнесува 13.750 денари. За споредба, во 2006 година просечната пензија во нашата држава изнесуваше околу 7.680 денари, изјави Спасов.

Заменик министерот рече дека во иднина ќе следат нови реални и остварливи проекти за подобрување на животниот стандард во земјата.

 

 

 
 
16.11.2016 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега