Четири мажи загинаа во Егејското море

Четири беживотни тела на мигранти се пронајдени на оштетен гумен чамец во северниот дел на Егејско Море, а други 15 се спасени, соопштија денеска грчките власти.

Чамецот бил откриен по 17-часовна спасувачка операција на море и од воздух, откако најверојатно некој од патниците алармирал.

- Сите патници во чамецот се мажи, но се уште не е позната нивната националност, како ниту местото од каде тргнале, се наведува во соопштението од грчкото Министерство за трговска морнарица.

Чамецот е откриен источно од островот Тасос.

Повеќе од 170.000 луѓе пристигнале по морски пат од Турција во Грција во текот на годината, поголемиот број пристигнале пред март, кога имаше серија на затворање на европските граници. Околу 61.000 лица останаа блокирани во Грција. 

 

 
 
16.11.2016 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега