Нова смртоносна дрога се појави на нашите простори - и мала количина убива
На љубљанскиот нарко пазар се појавила нова опасна синтетичка дрога која може да биде кобна по живото на зависниците и тоа само со мали количини, станува збор за 4-флуоро-бутирфентанил.
Тоа е синтетички опиоид, дериват на фентанилот, а предизвикува чешање, како и сериозна респираторна депресија – плитко дишење, што за оној што ја конзумира дрогата може да биде опасно по живот дури и ако ја земе во многу мали количества, предупреди словенечкиот национален институт за јавно здравје.
За истата дрога се користат и називите 4F-BF, 4-FBF и p-FBF, присутна е во облик на прашок, таблети и како спреј за нос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа