Цимерката откри тајни: Каков е животот со Меланија Трамп?
Кон средината на 90-тите, Меланија Трамп живеела во апартман во Париз заедно со цимерката од Шведска, Викторија Силвестед, која сега откако нејзината поранешна цимерка стана прва дама на САД, реши на јавноста да и открие детали за неа.
- „Не е лесно да живеете во странство, а притоа и двете бевме од различни земји, но одлично се согласувавме. Таа никогаш не сакаше излегување и провод. Беше мнгу одлучна во намерата да успее, открија Викторија и додава:
„Имам само најдобри работи да кажам за оваа жена. Таа е навистина посебна, многу драга. Ако ја имате за пријател, можете да и верувате. Како цимерки често ручавме заедно во станот, а најчесто правевме салати, меѓу омилените ни беше онаа од туна. Секој пат после јадење моравме да вежбаме и трчавме по скалите во влезот на зградата, се потсетува цимерката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа