Прилепчанец прегазил малолетник па избегал

Несовесен возач прегазил малолетник па избегал како ништо да не се случило. Во 18.30 часот во Прилеп, на улицата „11-ти Октомври“, 19-годишниот К.Т. од Прилеп, управувајќи возило „Пежо Партнер“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во четиринаесетгодишен малолетник по што со возилото побегнал од местото на настанот.

По кратко време истиот бил пронајден. Во незгодата четиринаесетгодишникот се здобил со тешка телесна повреда.

Извршен е увид на местото на настанот.

 
 
16.11.2016 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега