Скопјанец трошел пари од работа во обложувалница па лажел дека го ограбиле

Вработен во маркетот „Супер Тинекс“ вчера пријавил во полиција каков хорор преживеал кога му репетирале пиштол и го ограбиле, но пријавата била лажна. Се работи за И.О. кој пријавил дека во 15 часот и 30 минути во Скопје на булеварот „Партизански Одреди“, додека носел ситни пари да ги депонира во банка, непознато машко лице со закана со пиштол му одзело околу 30.000 денари, по што избегало.

По преземени мерки од страна на полициски службеници и од извршениот разговор со И.О. истиот признал дека парите ги потрошил во спортска обложувалница.
 

 
 
16.11.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега