Конференција за намалување на користење на интернетот за терористички цели

„Намалување на користење на интернетот за терористички цели“ е темата на денешната регионална конференција што ќе се одржи во Скопје во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Оддел за транснационални закани.

На конференција, покрај учесници од Република Македонија предвидено е да присуствуваат претставници од релевантни институции и од Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Црна Гора и Мисијата на ОБСЕ во Косово.

Воведни обраќања предвидено е да имаат шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Соумалаинен, амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ Анета Арнаудовска. 

 
 
16.11.2016 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега