На аукција 15 илјади домови на Грци со неподмирени хипотекарни кредити

Властите во Грција објавија на аукција недвижен имот чии сопственици не успеваат да ги плаќаат хипотекарните кредити поради економската криза, пишува весникот „Епикера“.

Наддавањето ќе се организира за 15 илјади живеалишта, за кои од 2008 година досега не се направени никакви уплати по хипотекарните кредити.

Помилување ќе има за тие што се обиделе да уплатат и мал дел од ратите од кредитите.

ФОТО: Лидер.мк

12:28