Продажните цени на индустриските производи на странските пазари пониски во септември

 Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во септември се пониски за 0,5 проценти на месечно ниво и за два процента на годишно ниво.

Државниот завод за статистика денеска објави дека во споредба со август, продажните цени се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 5,3 проценти, додека во секторот Преработувачка индустрија се на истото ниво. 

Во однос на септември минатата година, продажните цени се пониски исто така во секторот Рударство и вадење камен за 5,8 проценти и во секторот Преработувачка индустрија за 1,6 проценти. 

 
 
15.11.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега