Регулаторна со одлука: Од полноќ нови цени на горивата во Македонија

Цената на суровата нафта на светските берзи повторно бележи пад. Во петокот барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продаваше за 44,19 долари што е најниско ниво во последните 4 месеци.

Американската лесна нафта „WTI“ на берзата во Њујорк поевтини за 1,25 долари и еден барел за испорака во јануари се тргуваше за 43,36 долари

Регулаторната комисија за енергетика новите цени на горивата треба да ги објави денеска околу пладне.  Претходните две недели цената беше формирана врз основа на просечната цена на барелот европска нафта од типот „брент“ која изнесуваше 49.763 долари.

Цената од петокот е за повеќе од 5,5 долари пониска од просечната, што значи дека може да се очекува намалување на цените на горивата, откако пред две недели, цените останаа непроменети.

 
 
14.11.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега