„Бедем“ побараа од Жерновски да се откаже од одлуката за „Скопје 2014“

 

 

Здружението „Бедем“ испрати отворено писмо до градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски. Во отвореното писмо Бедем бараат Жерновски да се откаже од неговата одлука за проектот „Скопје 2014“.

- Иако свесни дека остранувањето на спомен обележјата на истакнати македонски дејци не е во Ваша надлежност, Ви ставаме јасно до знаење дека доколку се дрзнете на ваков чекор ќе се соочите со жестока реакција на нас бранителите. Но тоа ќе биде реакција и на македонскиот народ кој е горд и со достоинство, свесен за својата историја. Овде не се работи за политика, туку за одбрана на националното достоинство, за одбрана на патриотските чувства и оддавањето почит кон луѓето кои со сопствена жртва се вградиле во создавањето на оваа држава, наведуваат од „Бедем“ во писмото до Жерновски.

- Да се острани споменикот на Ченто, чиј лик не го скршија комунистите, а сега Вие сакате неговиот спомен да го остраните, да се остранат спомениците на Президумот на АСНОМ, на Питу, на Гоце, на Карев, Чуповски, Шатев...се граничи со лудост, стои во писмото.

Како бранители, подвлекуваат од „Бедем“, кои за разлика од Вас како политичар не се водиме од политичкиот интерес, туку од чистото патриотско чувство на кои како граѓани на оваа држава имаме природно право, сме подготвени да одговориме и на таквиот предизвик кој како бранители го прифаќаме. 

- Затоа што ние не може да бидеме согласни кога гледаме дека Вие г-дине Жерновски и неколкумина како Вас си поигрувате со националните чувства и покажувате непочитување на луѓето кој ја граделе и создавале оваа држава, стои во писмото до Жерновски.

најчитано сега