Сакал да продаде бебе преку Интернет за 100 долари

Во Њујорк е уапсен маж кој преку Интернет се обидел да го продаде двемесечното бебенце на својата партнерка, и тоа за 100 долари.

Се работи за 22-годишниот Пол Маркез кој неколку пати излегол со мајката на бебето и сметал дека поради него таа не му посветува доволно внимание. Така, лут на партнерката, тој објавил фотографии од бебето на Интернет и напишал оглас за продажба на бебето. Во огласот навел дека бебето сака многу да си игра, и дека има асма која навистина му оди на нерви.

Доколку за делото кое го направил биде прогласен за виновен, на Маркез му се заканува една година затвор.

 

 

10:09

најчитано сега