Се запали камион во тунел во Норвешка - 55 лица завршија во болница

Вчера во тунелот „Гудванга“ во западниот дел на Норвешка, се запали камион поради што биле евакуирани 160 лица, од кои 55 се пренесени во болница.

Откако камионот ненадејно се запалил, светлата во тунелот се изгаснале. Повеќето од евакуираните лица вдишиле чад, а некои биле полесно повредени поради судир на нивните автомобили во темницата.

Причините за пожарот, кој брзо бил изгаснат, се уште не се познати. 

И возачот на камионот е хоспитализиран, но неговата состојба е добра.

ФОТО: Сител

 

09:27