Почина најстариот маж во Чешка

Синоќа на северот на Чешка почина најстариот маж во земјата Карел Кашпарек, јави МИА.

107-годишниот Карел беше најстариот маж во Чешка, каде до јуни годинава се регистрирани 850 лица кои имаат 100 и повеќе години. Од нив 712 се жени, а 138 мажи.

Инаку, најстар жител на Чешка е Евенгелие Чарасова која го прослави 109от роденден.

ФОТО: МИА