Маж отвори оган во Пенсилванија - три лица загинаа

Три лица загинаа откако маж отвори оган во гратчето Рос во американската сојузна држава Пенсилванија. Се работи за маж кој вооружен со пиштол, пукал врз зградата на општинската зграда за време на седница на службеници. Потоа тој упаднал во салата и продолжил да пука по луѓето, при што убил три лица, пред да биде совладан од службеник, кој го ранил со сопствениот пиштол.

Засега не се познати мотивите за нападот. 

Напаѓачот бил совладан од полицијата.

ФОТО: Нетпрес

09:07

најчитано сега