Препорачуваме: Food Corner & Delivery - кога сте гладни на работното место

 

Бројни истражувања покажале дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот. Работните обврски, набиената агенда и работното време, ретко кога дозволуваат овој оброк да си го приготвиме дома. Но тоа денеска веќе не претставува проблем. Ви препорачуваме едно интересно место во центарот на Скопје, кое ќе ја задоволи вашата желба за храна и ќе им донесе пријатно чувство на сите Ваши сетила.


Го посетивме Food Corner & Delivery кај Судска палата во центарот на Скопје. Амбиентот пријатно не изненади. Со мени специјално скроено за оние кои трагаат по идеалниот оброк за време на паузата. Разни видови на сендвичи за оние кои се многу гладни, тостови за сите кои сакаат полесен оброк и прекрасни салати за оние кои внимаваат на линијата. Цените се вистинско изненадување за квалитетот кој се нуди.


Food Corner & Deliveryги следи вредните работници за да ја задоволи нивната желба за квалитетна храна, па ресторанот е отворен само во работното време, од 8 наутро до 17 часот попладне.
Доколку сте еден од оние кои ни на половина час не можат да го напуштат работното место, Food Corner & Delivery има решение. Можете да си побарате храната да ви биде доставена на работното место. Телефонот за нарачки е 072 226 – 124 бидејќи гладен, едноставно не се работи.


Ви го препорачуваме Рома чикен Бургер, Цезар салатата, а доколку не сакате месо, пробајте го Веге бургерот, нема да зажалите.

 
 
11.11.2016 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега