Десет дечиња од СОС Детско село се шетаа во Турција

Во периодот од 08. дo 13. јули, група деца од СОС Детско село, престојуваа во градот Измир. Престојот, информираат од СОС Детско село, бил овозможен со посредство на македонскиот амбасадорот во Турција, Горан Тасковски, и од страна на НВО Македонија-Еге, Нина Пандурска, која е и член на Генералното Собрание на СОС Детско Село Македонија.

Групата се состоела од вкупно 10 деца кои во изминатата година добиле награди и признанија во спортски и уметнички активности, и двајца возрасни - директорот  на СОС Детското Село и социјалниот работник.

Групата престојувала во Спортскиот Центар во Општина Борнова –Измир.

Од страна на домаќинот, Директорот на спотрскиот центар Аднан Хаџиоглу, било изразено искрено задоволство за гостувањето на децата од СОС Детско село и била подготвена богата програма за целодневни активности за време на престојот на децата во Борнова.

Програмата содржела и работна средба на претставниците на СОС Детско село со Градоначалникот на општина Борнова, средби со амбасадорот Горан Тасковски и претседателката на НВО Нина Пандурскана, како и посета на културни историски знаменитости, атрактивни туристички места, како и прошетки низ централниот дел на општина Борнова и Измир.

-Значајно за споменување е тоа што децата од Македонија беа дел и од свечениот чин на доделување на првите сертификати за завршена годишна програма за изучување на македонски јазик во траење од една година на Турци кои живеат во Измир, кои во свечената пригода им ги додели Амбасадорот на РМ Н.Е.Горан Тасковски, во присуство на градоначалници од другите општини на Измир како и луѓе од бизнис заедницата на Измир, информираат од СОС Детско село.

Амбасадорот ја претставил и иницијативата за посетата на децата од СОС Детско Село, изразувајќи надеж дека таа ќе прерасне во традициа ќе прерасне  во традиција.

Целиот престој на децата од СОС Детско Село  бил проследен со топло гостопримство од страна на домаќините, а, како што информираат од СОС Детско село, децата се вратиле побогати со нови пријателства и убави спомени. 

 

најчитано сега