Пуштање во употреба нова пумпна станица во кавадаречка Сува Гора

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски, денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на новоизградената пумпна станица во склоп на Водостопанското претпријатие Тиквеш, во месноста Сува Гора, општина Кавадарци.

Со пуштањето во употреба на пумпната станица се овозможува зголемување на површините на земјоделско земјиште под систем за наводнување во општина Кавадарци. 

ФОТО: Утрински